Професорите ќе треба повеќе да пишуваат научни трудови ако сакаат академска кариера вели Мицкоски

Професорите ќе треба повеќе да пишуваат ако сакаат да града академска кариера, вели премиерот Христијан Мицкоски. Со усвојување на новиот закон за високо образование очекува да се зголеми бројот на трудови, а со тоа во наредниот период барем еден универзитет да се најде во првите илјада според шангајската листа.

„Моите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат трудови научно истражувачки коишто ќе бидат објавувани во списанија со фактор на влијание и кои ќе бидат дел од базата, бидејќи ако сакаме да имаме факултет кој ќе биде во првите илјада според шангајската листа, мораме осум до десет пати да го зголемиме бројот на научни трудови.“ – вели Мицкоски.

Мискоски истакна дека се работи и на зголемување на средствата кои се обезбедуваат во образованието и така ќе продолжи и во иднина. Ако во 2023 година имало 340 милиони денари, во 2025 беа издвоени 680 милиони денари, а оваа година над 770 милиони денари.

Иван Митев, М-Нет