
Противпожарни вежби ќе се спроведуваат во сите училишта со цел учениците знаат да постапуваат во кризни ситуации. Министерката за образование и наука Весна Јаневска денес рече дека е неопходно да се зајакне овој дел на учениците. Како што вели таа знаењето е безценето и затоа тие започнуваат да работат на случајот со повеќето институции.
“Oсвен што се грижевме за прва психолошка помош во кризните подрачја , остварив неколку средби со неколку институции, меѓу кои и со црвен крст, со кој се договоривме да го зајакнеме овој дел на учениците, како да постапуваат во таква една ситуација, за која искрено се надевам дека нема да ни треба, но знаењето е безценето и затоа почнуваме да работиме и на тоа. Иако црвен крст работеше и во изманиот период за образование за младите за давање на прва помош, но не во кризни ситуации како што е пожар, земјотрес и такви ситуации, па затоа сега ќе го прошириме и тоа и да го направиме баш така како што треба.“, вели Јаневска
Противпожарна опрема има во сите училишта вели Јаневска, меѓутоа во некој се случува да не биде проверена еднаш годишно. Во тек е проверката на нивната исправност, а таа е децидна дека во ова треба да се вклучат и општините.
Во првичниот договор на мон е да се обучуваат најпрво наставниците со цел знаат како да се однесуваат во таква состојба, а потоа тие тоа да го пренесат тоа знаење на учениците. Она што засега е важно е тоа дека процесот е отпочнат и ќе продолжи се додека не биде завршен на територијата на државата.
Иван Митев, М-Нет