Пронајдено безживотното тело на 26-годишното момче по кое два дена се трагаше во кочанско

Трагично заврши потрагата на 26 – годишното момче по кое во кочанско се трагаше два дена. Безживотното тело на машко лице е пронајдено околу 19 часот, во водите на каналот во село Бање. По идентификацијата било утврдено дека станува збор за лицето кое вчера е пријавено за исчезнато. Увид на лице место врши јавен обвинител.

Младото момче било од Кавадарци, а работно ангажирано од страна на велешка фирма која поставува Фотоволтаични централи во близина на Десниот магистрален канал кај селото Тркање.

По момчето интензивно трагаше кочанската полиција, ТППЕ Кочани и Доброволното противпожарно друштво, а АД ,,Водостопанство Брегалница” го намали и дотокот на вода во каналскиот систем со цел олеснување на потрагата.