Промовирано противпожарното возило во Штип, донација од здружение од Велика Британија

Промовирано новото противпожарно возило кое Штип го доби како донација од здружение од Велика Бритаија. Возилото е целосно опремено и од големо значење за пожарникарите. Градоначалникот, Иван Јорданов, посочи дека се продлабочува соработката со Велика Британија, бидејќи ова е второ донирано возило, а претходно пожарникарите имаа можност да следат и обуки. Освен Штип возила донација добија и Радовиш и Македонски Брод.

„Ова противпожарно возило кое е наменски за повеќе интервенции, шумски пожари,сообраќајни несреќи со целосна опрема. ТППЕ Штип имајќи во предвид дека оперира на една поголема територија има потреба од нова опрема, соодветна. Навистина ми е задоволство што по втор пат добиваме донација од ова здружение“ – вели Јорданов.

Опремата е современа и соодветна за сообраќајни несреќи, а за првпат ТППЕ Штип има и опрема за давеници, како и противпожарна скала која може да се користи. Моментално располага со седум возила.

„Возилото е опремено со најстандардна и нова опрема. Има опрема за спасување од сообраќајни несреќи, имаме за првпат опрема за давеници со сите елеци, противпожарна скала која е околу 12 ипол метри“ – вели Ренџов.

Јорданов посочи дека тие како Локална самоупрва ќе продолжат со соработка со цел подобрување на условите во ТППЕ Штип, од аспект на оперма, возила и слично.

Лаура Стојанова М-Нет