
Отворена самостојната изложба на кочанчанката Александра Димитрова насловена како „Нова димензија во создавање 2“. Граѓаните, љубителите на уметноста, сликите можат да ги погледнат во Центарот за култура „Бели мугри“ до 12 октомври. Изложбата преставува продолжување на досегашните истражувања на Димитрова, работена во акварелна техника. Содржи апстрактно насликани портрети и пејсажни предели на големи и средни сликарски платна.
„Секое уметничко дело изложено вечерва преставува дел од мене, моите емоции и моите чувства. Тие се одраз на мене, искушенија и љубов.“ – вели Димитрова.
Во сликите на Димитрова може да се забележи динамичност, можност гледачот да се пронајде во делото. Нејзиниот колега Синиша Новески потенцира дека силиките се оргинални и се чувствува голема виталност преку играта на ликовиот јазик.
„Сликите на Александра и попкрај тоа што мотивите се пејсажот и портретот се оргинални и преставуваат нејзино индивидуално видување и креирање на овие мотиви.“ – вели Новески.
Изложбата „Нова димензија во создавање 2“ беше пропратена со настап на музички точки на членови од музичкото училиште Ристо Јуруков.
Лаура Стојанова М-Нет