
Промовирани петте тома книги беседи на господин господин Стефан денеска во просториите на Домот на култура „Ацо Шопов“ во Штип. Со овој настан се одбележаа и 33 години од хиротонијата и од востоличувањето на Господин Господин Стефан за епископ во Штип, како и 20 години од изборот за архиепископ.
„Ова е втора промоција по онаа во Скопје и сметав дека Штип и Брегалничката епархија го заслужуваат тоа затоа што на дел од моите слова роден крај им е Штип и Ново Село“ – кажа г.г. Стефан.
На настанот свое обраќање имаа промоторот професор д-р. Ѓоко Ѓорѓиевски, како и г.г. Стефан, истакнувајќи фрагменти од беседите.
Во изминатите 3,5 децении Г.Г Стефан посочи дека често пати говерел на разни настани јубилеии, или со еден збор како што истакна тој имало за што за кој и каде да се говори.
Лаура Стојанова М-Нет