Светски познат, а наш Фолклорниот ансамбл „Китка“ прослави јубилеј во време на пандемија

Минатата година во време на пандемија, фолклорниот ансамбл „Китка“ од село Истибање, виничко и фестивалот „Истибанско здравоживо“ ги одбележаа нивните јубилеи. Впрочем 45 години од постоењето на „Китка“ и 35 години од создавањето на „Истибанско здравоживо“. Пандемиската година поминала тешко, со неколку остварени активности, но претседателот на ансамблот „Китка“ со надеж за подобра втора половина од оваа година.

„Во услови на пандмија реализиравме некои активности каде дозволуваат согласно протоколите, но сепак годинава се надеваме се отвораат фестивалите и сега веќе имаме покани за фестивали кои лани требаше да бидеме, така што ова лето се надеваме дека ќе присуствуваме“ – кажа Митковски.

Почетоците на овој фолклорен ансамбл датираат од 1975 година, а Митковски бил еден од помладите учесници. Бидејќи Источниот дел од државата во тоа време немала фестивали за фолклор, а понесени и мотивирани од фестивалот во Полска во кој учествувале, членовите на Китка создаваат фестивал Истибанско здравоживо.

Членови во ансамблот Китка може да бидат сите кои имаат желба, елан и мотив за да учествуваат почнувајќи од шест годишна возраст па натаму.

Лаура Стојанова М-Нет