
Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 15. коло на Трета лига – Исток, а во рамки на истото во Берово екипата на Малеш ќе го пречека Овче Поле, каде тимот од Свети Николе сака победа во битката сезоната да ја заврши како второпласиран. Тиверија која е на дното на домашен терен ќе бара победа против Карбинци, а пак во Делчево ќе се игра дерби на Брегалница и Дојранско Езеро.
Шампионот Слога Виница на свој терен ќе нема мака против аутсајдерот Ударник, а пак Светлост во Зрновци ќе игра против некогашниот прволигаш Хоризонт Турново.
Во Третата фудбалска лига – Југ ќе се играат натпреварите од 21. коло, а кој се закажани за утре. Лидерот Големо Коњари на домашен терен ќе игра со Бучин, екипата на Венец во Долни Дисан ќе се соочи како домаќин против некогашниот второлигаш Росоман, Слога Лажани ќе игра со Младост од Кривогаштани.
Питу Гули ќе го пречека Ултрас, додека пак Дреново ќе игра против фаворитот Башкими 2008. Во рамки на оваа рунда слободни ќе бидат екипите на Влазними Јуниор и Превалец.
Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 16. коло на Трета лига – Југозапад. Лидерот Преспа на домашен терен ќе игра со ланскиот второлигаш Караорман, Кораб во Дебар ја пречекува Сатеска од Волино. Тимот на Влазними дома ќе игра со Кравари, во Охрид локално дерби на Света Троица и Славеј од Мешеишта, а пак Демир Хисар ќе го пречека Евротип. Слободна ќе биде екипата на Велешта.
Утре ќе се играат и натпреварите од 20. коло на Трета лига – Север. Башкими Љуботен на домашен терен ќе игра со Академија Илинден, последнопласираниот Њу Старс во битката за опстанок ќе игра против Ржаничино, Беса Слупчане ќе биде домаќин на фаворитот Аеродром, Фортуна ќе игра против БВК Коњаре.
Риниа на свој терен ќе го пречека лидерот Шкендија од Арачиново, која ќе стане и шампион, ланскиот шампион Куманово ќе гостува кај некогашниот прволигаш Еуромилк ГЛ, додека пак некогашниот второлигаш Кадино игра дерби за опстанок против Пчиња.
Во Трета лига – Запад екипата на Тетекс е пред прогласување на шампион со оглед на тоа што има 10 бодови повеќе од Влазерими кој е втор. Во овој регион на ред се одигрување на натпреварите од 20. коло.
Во истото дерби за опстанок на Ренова и Речица, Љуботен ќе игра со Влазерими од Кичево, Напредок против Велазерими Слатино.
Вардар во Брвеница ќе го пречека Зајази, Доброшти ќе биде домаќин на лидерот Тетекс, а пак Дрита во Боговиње против Џепчишти.
Александар Ванев, М-Нет