Продолжуваат возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Враништа 2023“ – многу погодоци и многу интересни натпревари

Денес е слободен ден од 29-то издание на турнирот во мал фудбал „Враништа 2023“, откако претходно беа одиграни интересни и многу возбудливи натпревари.

Екипата на Дебрца Експрес во воведните натпревари од турниот ја забележаа највисоката победа од 11:1 над екипата на Ултрас, високи победи забележаа и екипите на Камионски делови Бос, АСП Пак, Станица и Фасада Чајник.

Резултати од претходните денови на турнирот:

Среда: 10.05.2023
20:00 БЗ Груп – Лакочереј – 1:0 (службено)
21:00 Кам. Делови Бос – Хотел Тино (3:1); 8:1
22:00 Дебрца Експрес – Ултрас (7:1); 11:1

Четврток 11.05.2023
20:00 Галичник Хризантема – Драслајца (0:0); 0:1
21:00 АСП Пак – Кафе бар Инсомниа (4:0); 5:0
22:00 Галичник Хризантема – Слатино (0:0); 1:0

Петок 12.05.2023
20:00 Фасада Чајник – Кафе бар 9 (1:0); 1:0
21:00 Бел Мерцедес – Такси оскар (2:0); 7:1
22:00 Фасада Чајник – А. С. Василевски (2:0); 5:0

Сабота 13.05.2023
20:00 Кам. Делови Бос – Ресторан Разбој (0:0); 1:1
21:00 БЗ Груп – Гостилница кај Мече (3:1); 4:2
22:00 Станица и Викса пром – Ескобар (1:1); 5:1

Недела 14. 05.2023
20:00 Слатино – Драслајца (3:0); 4:1
21:00 Дебрца Експрес – Сквер кафе (0:0); 1:1
22:00 Бел мерцедес – Митротек (0:0); 3:2

Возбудувањата од турнирот продолжуваат веќе утре, а првата фаза од „Враништа 2023“ ќе биде комплетирана во четврток.