Пријателско реми на Кожуф и Тиквеш, Силекс убедлив против Воска, Вардар Неготино убедлив против Победа

Денес на Градскиот стадион во Гевгелија се одигра пријателски натпревар меѓу Кожуф и Тиквеш кој заврши без победник (2:2).

Второлигашот прв поведе со голот на Метин Иљази, а потоа Тиквеш преку Миле Тодоров израмни на 1:1. Тиквеш потоа на прави пресврт преку Имран Фетаи, а до крајот Кожуф израмни на конечни 2:2 преку капитенот Бојан Иванов од слободен удар.

Силекс со 4:0 беше убедлив против Воска Спорт на тестот во Охрид. За кратовскиот прволигаш стрелци на погодоци беа Марко Ѓоргиевски, Давид Манасиевски, Дамјан Масевски и Андреј Ричков.

Вардар Неготино со 1:3 ја доби убедливо прилепска Победа. За Вардар на овој тест стрелци беа Кирил Неделков, Петар Ристовски и Ѓорѓи Шишков.

Александар Ванев, М-Нет