Пријателско реми на Арсими и Башкими

Денес пријателски меч во Гостивар одиграа второлигашите Арсими и Башкими кое заврши со резултат од 1:1.

За екипата на Башкими стрелец на погодокот беше искусниот Шпенд Асани, а пак за гостинот од Куманово голот го постигна новото засилување Хусеин Демири.

Следен пријателски тест за Арсими предводен од Вилдан Салиу ќе биде против Победа во Прилеп.

Александар Ванев, М-Нет