
Репрезентативната пауза македонските прволигаши и второлигаши ја користат да одиграат пријателски натпревари преку кои ја проверуваат формата за клучните натпревари во финишот од шампионатот во Прва и Втора лига.
Македонија Ѓорче Петров на домашен терен со 2:0 славеше над Вардар со погодоците на Алексовски и Лемос. Двата погодоци беа постигнати во првиот дел од натпреварот.
Прволигашите Академија Пандев и Силекс одиграа пријателски меч во Струмица, кој заврши со триумф од 2:3 за кратовци. Силекс имаше водство од 0:3 со погодоците на Турчин, Милосављевиќ и Катаниќ, а Академија Пандев до крајот на мечот успеа да го ублажи поразот на 2:3.