
Тиквеш и Детонит Плачковица ја искористија репрезентативната пауза да одиграат пријателски натпревар преку кој ќе ја проверат формата за продолежението од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Натпреварот помеѓу кавадаречкиот прволигаш и радовишкиот второлигаш заврши без победник со по еден гол во мрежата 1:1. За радовишани стрелец на погодокот беше Филип Димовски.
Тренерот на Детонит Плачковица, Иван Вадариновски, во изјава за телевизија М Нет вели дека е задоволен од прикажаното на неговата екипа која настапи во два комбинирани состави против кавадаречкиот прволигаш.
„Сите играчи кои ги имаме на располагање добија шанса, настапивме во два комбинирани состави. Задоволен сум од прикажаното и мислам дека овој натпревар е добра увертира за тоа што не очекува во наредната недела“, изјави Варадиновски за телевизија М Нет по завршувањето на натпреварот.
По завршувањето на репрезентативната пауза Тиквеш без ниту еден триумф во пролетниот дел ќе гостува во Штип кај Брегалница во рамки на 25. коло од ПМФЛ, а пак Детонит Плачковица во рамки на 22. коло од ВМФЛ ќе има тешко гостување во Битола кај Пелистер.