ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Борец подобар од Вардар Неготино, Струга ТЛ го „декласираше“ Петрокуб, реми на Беса со Оцелул

Денес македонските прволигаши, второлигаши и третолигаши одиграа пријателски натпревари во рамки на зимските подготовки.

Велешки Борец денес го одигра првиот контролен натпревар против лидерот во Трета лига – Југ, екипата на Вардар од Неготино и истиот го доби со 3:1.

Во пролетната полусезона Борец ќе се обиде да избор опстанок или да стигне барем до бараж, а тоа ќе биде повеќе од тешко, со оглед на фактот што некогашниот прволигаш се наоѓа на дното од табелата како единствен второлигаш без ниту еден освоен бод. Од друга страна, Вардар Неготино во пролетниот дел влегува како главен фаворит за нов бараж и со тоа да се обиде одново да обезбеди место во Втора лига.

Есенскиот првак во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Струга Трим Љум со убедливи 3:0 го декласираше Петрокуб, екипа која е на второто место на табелата во Прва лига во Молдавија.

„Четата“ на Срѓан Захариевски до победата дојде со головите на Кочоски, Укпа и Јахја.

Второлигашот Беса од Добри Дол на подготовките во Аланија одигра нов пријателски меч со романскиот второлигаш Оцелул, кој заврши без погоди и без победник (0:0).