ПРИЈАТЕЛСКИ: Вардар подобар од Колос, реми на Шкупи со Оболон Киев

ФОТО: ФК Шкупи

Прволигашот Вардар го забележа вториот триумф на подготовките во Анталија откако го совлада украинскиот тим Колос со 2:0.

Лемос во 41. минута погоди за 1:0, а Марјан Ристовски веднаш зголеми на конечните 2:0.

Шкупи ремизираше играјќи 1:1 со украински Оболон Киев. Гренер го доведе Шкупи во водство, а конечните 1:1 ги постави Суханов.

Александар Ванев, М-Нет