Прилеп на соочување со Куманово, Радовиш против фаворитот Бутел

ФОТО: Александар Ванев

Во рамки на второто коло од ракометната Суперлига екипата на Прилеп ќе оди на соочување против Куманово и ќе бара први бодови против гостинот кој со триумф ја отвори новата сезона.

Шампионот Еурофарм Пелистер ќе го одигра првиот домашен меч од новата сезона како голем фаворит против Пролет. Битолскиот тим забележа и триумф против Загреб во првиот меч од Лигата на шампионите и одлично стартуваше во новата сезона, откако претходно го освои и Суперкупот совладувајќи го Вардар.

Повратникот Еурофарм Пелистер 2 ќе игра против Вардар во меч каде поранешиот двократен европски шампион ќе биде фаворит против младите пелистерци.

Втората рунда носи и езерско дерби на Охрид и Струга, каде охриѓани ќе биде големи фаворити.

Во Кавадарци ќе се соочат Тиквеш и фаворитот Алкалоид, каде домашниот тим ќе бара прва победа, а пак тимот од Автокоманда ќе оди на триумф после ремито со Охрид.

Натпреварот меѓу Радовиш и Бутел ќе се игра после викендот во друг термин бидејќи скопскиот тим ќе игра европски реванш овој викенд, а во однос на самиот меч Бутел ќе биде фаворит против Радовиш кој ќе сака изненадување.

Александар Ванев, М-Нет