
Се комплетираше првата фаза од Купот на Македонија со вчерашните три натпревари со што се познати сите екипи кои обезбедија место во осминафиналето од Купот.
Тиквеш со минимални 0:1 славеше над Скопје, Шкупи со 0:2 го доби Кожуф, а пак Шкендија со убедливи 0:9 славеше над Јени Маале.
Во осминафиналето од Купот на Македонија ќе има десет прволигаши и шест второлигаши.
Од прволигашите место во осминафиналето обезбедија Шкендија, Шкупи, Тиквеш, Башкими, Пелистер, Работнички, Силекс, Македонија ЃП, Вардар, Струга Трим Лум, а пак од второлигашите место во осмифиналето има за Брегалница, Охрид, Детонит Плачковица, Шкендија Арачиново, Беласица и Новаци.
Само Брера Струмица и Арсими од прволигашите не обезбедија место во осмифиналето откако и двете екипи на пенали беа исфрлени од второлигаши Охрид односно Беласица.
Со ждрепка ќе бидат одредени паровите за осмифиналето од Купот на Македонија.
Александар Ванев, М-Нет