
Денеска (15.08.2025) во 03:50 часот во с.Владимирово, беровско, полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода Р.П. (21) од с.Владимирово. При извршен претрес во неговиот дом со судска наредба, била пронајдена и одземена машка чанта со остатоци од марихуана. Потоа, во близина на угостителски објект во с.Владимирово, полициските службеници пронашле марихуана која пријавениот претходно ја фрлил. За настанот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.