
На 19.11.2021, полициски службеници од Полициската станица Делчево го привеле А.Б.(21) од с.Вирче, делчевско, затоа што во 00.55 часот на ул.„Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.