Приведени пијани возачи во Штип и Кочани

Нa 22.11.2025 околу 01:30 часот на ул.„Гоце Делчев“ во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода А.А.(37) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „голф“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал A.A. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,94 промили алкохол во крвта.
Нa 22.11.2025 во 01:26 часот на ул. „Никола Карев“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Д.К.(20) од с.Прибачево. При преземање мерки по претходно случена сообраќајна незгода, во која Д.К. учествувал со патничко возило „фиат“ со кочански регистарски ознаки, било констатирано дека Д.К. е под дејство на алкохол, односно дека во организмот има 1,58 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настаните, ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.