Приведен ученикот во штипската Гимназија кој се закануваше на социјалните мрежи

Од Полицијата со информации за случајот во штипската Гимназија, каде ученик се заканувал на социјалните мрежи. Од таму велат дека полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 18-годишниот ученик од Штип со иницијали Б.Д., откако во 12.18 часот во Секторот, од страна Гимназијата во Штип, каде тој е ученик, било пријавено дека на неговиот профил на Инстаграм објавил текст со заканувачка содржина. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Ребека Спасова М-Нет