Приведен 62-годишен штипјанец, возел со 2,74 промили алкохол

На 24.01.2026 во 21:55 часот полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода З.Н.(62) од Штип. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „југо“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал З.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 2,74 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.