Приведен 28-годишник кај патарината Кадрифаково, пронајдена марихуана

фото: архива

На 01.04.2023 околу 23.15 часот на автопатот Штип-Миладиновци, кај наплатна станица Кадрифаково, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода В.С.(28) од с.Ињево, радовишко, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.