
„Колата е осомничена“ со оваа причина полициски службеници од Полициската станица Штип му го одзеле возилото на штипјанецот Љупче. Пред неколку дена додека тој заедно со негов пријател се враќал од мајстор автомобилот му бил оздемен откако бил сопрен за рутинска контрола од страна на полцијата. Понатаму тој пријавил во полиција, но се уште не му е јасна причината поради која неговото возило не е кај него.
„Полицијата вчера во 12 часот кај Бирото за вработување кога ме сопреа, на брутален начин ме извадоа од колата без никакво објаснување ми ја одзедоа колата, без никакви документи, без да правам алко тест. Бев и во полицијата во градот да гопријавам случајот, барав број од внатрешната контрола и тоа не ми се дозволи“ – вели Љупче.
Љупче вели колата била со изминатата регистрација, но со истата нема направено никаква кражба па не гледа причина поради која би требало возилото да му биде одземено.
„Ништо не ми рекоа само еден од полицајците ми рече осомничена е колава. По кој основ? Значи со таа кола не е направено никакво кривично дело, ниту кражба на дрва, или било што друго“ – додава Љупче.
За настанот одговор побаравме и од СВР Штип. Портпаролот Гордана Панајотова истакана дека при контрола возилото било соперно и било констатирано дека истото не е регистрирано веќе пет години, а констатитрани се и други прекршоци. Следствено на ова законски следи и одземање на возилото.
Лаура Стојанова М-Нет