Претставник на државата не може да биде човек кој има бугарски пасош

Вечерва се одржа промотивен митинг на плоштадот „Слобода“ на изборната кампања за претседателски избори на СДСМ. Воедно на митингот присуствуваше и кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Дециден е дека при напорите за преговори со Европа, за зачувување на јазикот и идентитетот, останатите ги саботирале напорите и биле на буграската страна.

„Кога пред три години, со сите сили работевме за почеток на преговорите со Европа и имавме тешки преговори и расправии со Софија, за зачувување на македонскиот јазик и идентитет, тие отворено ги сабатираа тие напори, а некој во Европа и тогаш и денес, инаку и нивни блиски сојузници беа отворено на бугарска страна.“- изјави Пендаровски

Отаму посочуваат дека не може претставник на државата да се бори за македонскиот идентитет, јазик и име, кога половина од раководството на партијата имаат бугарски пасоши. А бугарските пасоши се добиваат со декларирање дека си бугрин по род и потекло.

„Какви ќе бидат тие преговори меѓу луѓето кои ја застапуваат идеологијата на некогашниот шеф на ВМРО и на денешниот шеф. Кога тие практично имаат идентични ставови, како може да се бори за макеоднскиот идентитет јазик и име, партија во која половина од раководството и пошитоко имаат бугарски пасоши.Знаете дека кога се земаат бугарски пасоши треба да декларирате дека сте бугарин по род и по потекло.“ -додаде Пендаровски

Пендаровски вели дека доколку ја добие довербата од народот која многу му значи, ќе продолжи да работи за плата, а не за проценти. Ќе продолжи да го критикува криминатлот и ввисоката корупција на било кој во државата независно од која политичка партија.Затоа повикува масовна мобилизација на првиот изборен круг на 24 април овој месец со гласање на број 1, за Македонија да продолжи напред и да не заглави во балканската кал.

Лаура Стојанова, М-Нет