Штрковите во Стар Караоман ја носат пролетта – граѓаните сведочат за време кога имало многу штркови

Површини под вода, доволно храна и многу штркови – ваква била сликата некогаш во приградската штипска населба Стар Караорман. Побвозрасните граѓани кои овде се цел живот сведочат за едно дамнешно, но според нив прекрасно и време за паметење. На речиси секоја куќа велат имаше гнездо со штрк, а ако има штрк значи овде е и пролетта. Штркови имаше и денеска, но во многу помал број оти како што вели населението нема со што да се хрнат.

„Штрковите се многу добри птици, кога дојде штркот значи дека пролетта е тука. Порано имаше многу штркови оти имаше оризи, сега нема што да се хранат. Порано имаше многу штркови, кеф да ти е да ги гледаш.“

Во текот на зимата заминуваат на југ, но секоја пролет се овде, се враќаат, си доаѓаат вели нашиот соговорник сведочејќи за време кога и неговите внуци едвај чекале да дојде некој штрк.

„Кога пукне пролет штрците доат, а инаку си одат. Они одат, патувале и по бродови само да дојдат во Македонија.“

Штрковите се од фамилија птици, со долги нозе, долг врат и долг цврст клун. Штрковите се неми, не испуштаат гласови, а комуницираат со штракање на клунот. Многу видови се преселници. Повеќето од нив јадат жаби, риби, инсекти, црви, мали птици и мали цицачи. Има 16 вида штркови распоредени во 6 рода. Поради крупното тело, а и големите крилја кои достигнуваат распон и до 3,2 метра, при летањето штрковите ги користат воздушните струења. Нивните гнезда се многу големи и може да ги користат повеќе години. Гнездото може да биде и до 2 метра во пречник и околу 3 метра длабоко. Тие се моногамни, но не онака како што се мислело за нив порано. Можно е да го сменат партнерот по преселбата, или да се селат без својот партнер. Нивното доживување како верни партнери потекнува од митологијата и културата, а не од реалниот живот.

Лаура Стојанова, М-Нет