Препирки меѓу власта и опозицијата за покачување на цената на услугите на отпад во Штип

Со 11 гласа ЗА се донесе одлуката за зголемување на цената за собирање, транспортирање и отстранување на отпадот на територијата на општина Штип. Токму ваквата одлука ја вжешти ситуацијата на денешната седница на Советот на Општина Штип.

„Цената е добиена по книговодствена евиденција согласно со методологијата за утврдување на истата. Произволно не се става цената, туку е производ на трошоците кои ги има јавното претпријатие“, истакна в.д. директорот на ЈП „Исар“, Трајче Здравков.

„Не слушнавме одговор на прашањето, имаме зголемување за повеќе од 100%, од 1,1 на 2,4. Кажете го јасно и гласно за да знаат граѓаните, немате зголемување на толкав трошок.“

Откако претседателката на Советот, збор му даде на советникот Душко Иванов, а не реплика на Рогожарска Поповска, дискусијата достигна кулминација.

По изгласувањето на одлуката советничката група на СДСМ и коалицијата одржа прес конференција, од каде истакнаа дека одлуката е на штета на граѓаните, а за возврат добиваат ненавремено собирање на сметот.

„Штипјани ќе плаќаат двојно поскапа цена за собирање на отпадот со што ќе плаќаат поголеми сметки кон ЈП „Исар“. Тоа значи дека наместо досегашните 1,1 денар за метар квадратен, домаќинствата со станбена површина ќе плаќаат 2,4 денари за метар квадратен. Додека, пак, наместо досегашните 0,14 деари за метар квадратен, домаќинствата со дворна површина ќе плаќаат по 0,20 денари за метар квадратен. Станува збор за покачување за над 100 проценти“, истакна Трајче Стојчевски, советник од Советничката група на СДСМ и коалицијата.

Изминатите две години ЈП „Исар“, односно секторот Комунална хигиена оставарило загуба од 25 милиони денари и согласно со методологијата и трошоците направени претходните години, корекцијата на цената е морална, одговори Здравков. Тој заклучува дека ако едно просечно семејство плаќало сметка од 1.000 денари, сега ќе плаќа сметка од 1.080 денари.

Ребека Спасова М-Нет