
Премиерот Христија Мицкоски со поддршка за граѓаните, кои одлучиле гневот да го изразат преку протест. Никако не поддржува политички глодари, кои не сакаат силна Влада. Денес тој истакна дека работите се решаваат и ќе продолжат да се решаваат.
,,Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести. Но,не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава”, истакна денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски Премиерот
Мицкоски посочи дека протестите се демократска алатка на изразување на незадоволство. Вели дека и тој е нервозен, а сите незадоволни, но затоа тие како влада прават се што е возможно за да се решават работеите,
,,И јас сум нервозен, а верувам и дека и вие сте незадоволни. Сите ние сме незадоволни, во сето тоа што се случува и не треба да имаме дилема. Работите ги решаваме и ќе продолжиме да ги решаваме, многу работи изминатите девет месеци, какошто е избрана оваа Влада се решија, за многу работи оваа Влада беше браник, да не дозволиме да продолжи понижувањето, разграбувањето, националното уништување на Македонија. Токму тоа е за тие политички глодари проблем, коишто сакаат преку овие протести, да добијат некој политички поен, па гледаат шанса.”, изјави Мицкоски
Премиерот Мицкоски додаде дека апсолутно го поддржува изразувањето на револт и гнев, затоа што какошто рече уште многу работи пред нас останаа да се решат.
Инаку, она што особено го истакна премиерот е тоа сите граѓани останат фокуситрани и обединети во решавае на проблемите.
Иван Митев, М-Нет