
Утре ќе се одржи состанок на советот за превенција во Штип. По катастрофалната трагедија во Кочани, сите чинители заеднички ќе дефинираат чекори во насока на решавање на проблемите во секојдневието. Како што посочи градоначалникот на Општина Штип, постои колективна одговорност за решавање на проблемите во општеството.
„Заеднички да се дефинираат чекорите во насока на решавање на проблемите со коишто се соочиваме во секојдневието. Без разлика на надлежностите на институциите сепак треба да биде една коориднирана активност, која мора да биде засилена. Трагедијата се случи во секторот угостителство, но верувајте проблемите се приситни во сите сегменти на општественото живеење.“ – вели Јорданов.
Општините и институциите не можат самостојно да ги решат проблемите во општеството. Како што посочи Јорданов, мора да се направи национална стратегија за да се надминат сите недостатоци и аномалии кои се појавуваат, а истовремено потребно е да се работи и на однесувањето на грашаните.Само со конкретни чекрои може да се надминат проблемите, дециден е тој.
„Евидентно е дека имаме проблеми и нефункционален систем и општество. Ниту една општина, ниту една институција не може самостојно да одговори на предизивицте на дневна основа. Ниту една институција нема соодветен капацитет за да ги исконтролира во еден момент сите недостатоци и аномалии коишто се појавуваат.“ – дпдава Јорданов.
На наредната редовна седница на Советот на Општина Штип во петок ќе донесе одлука за поддршка на семејствата и на повредените и на починатите.
Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет