Преку протест вработените во УЈП бараат покачување на платите за 30%

Преку мирен протест вработените во Управата за јавни приходи бараат зголемување на нивните плати за 30%. Велат порасанале цените на производите за живот, растат цените на се останато, само нивните плати стагнираат. Протестот е со цел надлежните да ги слушнат нивните барања и истите да ги исполнат.

„14 години платите на вработените во УЈП стагнираат, не се покачуваат. Знаеме дека се зголемени трошоците за живот а имаме и законско право да ни се зголемат платите. Овој протест го организираме со цел надлежните да ни ги задоволат нашите барања, да ни се зголемат платите“ – вели Велковски.

Неколкупати до сега се разговарало и со надлежните на оваа тема, ама како што вели Велковски на виделина нема решение на барањата. Платата останала иста, па преку протест се прават напори за исполнивање на барањата.

„Главното барање е ова. Веќе неколкупати разговаравме со надлежните во овој дел, ама остануваат неми на нашите барања, со ова се надеваме дека ќе направивме напори за реалзирање на нашите права“ – додава Велковски.

Протестите ќе бидат сѐ почести ако надлежните не одговарат на вработените во УЈП. Велковски вели дека стои опцијата да се излезе и на генерален штрајк ако не се покачат платите за 30%.

Лаура Стојанова М-Нет