Охрид ја доби „мајсторката“ со Соколи 1933 и стана прволигаш!

фото: ГКК Охрид

ГКК Охрид денес славеше во „мајсторката“ против Соколи 1933 од Штип со резултат од 64:55 и првпат во својата кратка историја ќе биде дел од Првата кошаркарска лига.

Охриѓани по вторпат беа подобри од штипскиот ривал на патот кон „елитата“, откако во првиот меч Охрид на домашен терен славеше со 84:68, а во второто соочување во Штип, Соколи 1933 пред својата публика во „Јордан Мијалков“ со 79:70 се избори за трет натпревар. Во „мајсторката“ охриѓани беа подобар тим и обезбедија место во „елитата“.

Охриѓани од следната сезона одново ќе гледат прволигашка кошарка, откако до 2019 година во Првата лига настапуваше АВ Охрид, а пред повеќе од една деценија настапуваше Амак СП кој го освои и трофејот во Купот на Македонија

Заедно со ГКК Охрид, во Првата лига оди и Вардар, кој во двата натпревари беше подобар од Ангели, па сега Охрид и Вардар во меѓусебен дуел ќе одлучат кој ќе биде шампион во Втората лига.