Преку дијалог до крајна цел фирмите од ТИРЗ Штип да ги отворат вратите за учениците од СОУ „Коле Нехтенин“

Фабриките во ТИР зоната во Штип да ги отворат вратите за средношколците од СОУ Коле Нехтенин. Денеска се оставари средба мњѓу бизнис секторот, СОУ Коле Нехтенин, Министерството за образование и наука, ТИР зоната во Штип со цел да се подобри дуалното образование. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, вели дека преку ваквата комуникација и социјалниот дијалог ќе им се излезе во пресрет на потребите на стопанството, но истовремено ќе се создаде квалификуван кадар кој полесно ќе може да се вработи и да одговори на потребите на пазарот на труд.

„Она коешто е суштина и цел на овие средби е по дефинирањето на наставните профили во ообразованиот процес да се овозможи полесна адаптација и квалификација на профилите и полесно да се снајдат на пазарот на трудот. Се надевам дека ќе успееме да го тресираме патот на идните кадри кои полесно ќе се пронајдат на пазарот на труд“ – вели Јорданов.

Во изминатите три години СОУ Коле Нехтенин има склучено над 100 меморандуми за соработка со фирми од Штип и регионот. Со десет компании се соработува континуирано во делот на дуалното образование. Се прават напори за да се потпишат меморандуми и со фирмите од ТИР зоната за да може учениците да одат на пракса, а понатаму да продолжат со работа во Штип однонсо во државата.

„Изминатиов период имавме сериозни разговори и преговори со ТИРЗ Штип и веќе со дел од нив склучивме нефорамлен договор. Ќе почнеме од летото со пракса. Во рамки на нашето училиште се изучуваат три струки и 11 профили. Се бараат профили и од електротехничката и од машинската и од угостителската и туристичката.“ – вели Шалева.

Слободната зона во Штип е најголема во државата и нуди огромен потенцијал. Се прават напори за нови инвестиции, а со тоа и нови можности пред се за учениците за понатаму да можат да работат овде.

Преку дуалното образование средношколците од стручните училишта ќе можат полесно да се прилагодат во процесот на производство, да бидат обучени и да имаат поголема продуктивност.


Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет