Преку гранична фреквенција на украдени автомобили

Утринава околу 04 часот  од дворно место на жител во Македонска Каменица е украдено возило регистрирано на македонски таблици . Настанот се случил сосема непредвидливо и неочекувано пред очите на соседите, кои под нивните прозорци слушнале дека автомобилот се придвижува и го напушта секојдневниот приватен паркинг простор. Никој не се посомневал дека автомобилот се краде бидејќи, сметале дека самиот сопственик го користи за да замине на работа нешто порано од секојдневната рутина. Но, само два часа подоцна сопственикот во паника го отпочнал новиот ден, кога констатирал дека единствениот автомобил тешко заработен и уникатно декориран странично го нема во оградениот дел од  дворот . Откако пријавил во полициска станица самиот се обидел да си помогне преку навремената достава на информации за украдениот автомобил до неговите пријатели на социјалната мрежа фејсбук. Од полицијата велат дека, настанот е пријавен  во тек е официјална потрага по автомобилот . Од таму не сакаат да ги кометираат гласините во јавноста за тоа дека, крадците преку нелегални премини  во делот кај Беровско Двориште веке е префрлен на бугарска страна, каде на бугарски плацеви за продажба на половни авомобили, се врши нивно демолирање. И повторна продажба на автомобилот ама овојпат расклопен на делови. Ова е можеби еден  од ретките случаи во источниот регион, но ваквата пракса на крадење на автомобили е редовна во скопскиот регион, каде секојдневно се крадат полуксузни верзии на автомобили. Истите се расклопуваат и се продаваат како делови на црните авто пазари во Македонија и Косово .

Маре Стојилова / М Нет

Монтажа: Дарко Лазев