
Презентирани шест нови лесни возила за потребите на лесниот пешадиски батаљон во штипската касарна „Јане Сандански“. Во моментот се располага со 38 вакви возила, а до крајот на 2025 година треба да пристигнат уште 58 возила.
„Сакам да напомена дека соработката со нашиот стратешки партнер САД добива на интезитет. Денеска сме во касарната „Јане Сандански“ во Штип каде се наоѓа напата декларирана единица лески пешадиски баталјон кој од 2026 година ќе треба да биде подготвен за упатување на мисии во случај на потреба. Денеска се презентираа новите шест лесни возила кои ќе и служат на оваа единица“ – посочи Мисајловски.
Амбасадорката на САД, Анџела Агелер која беше дел од настанот упати благодарност до нашата држава бидејќи ги почитува преземаните обврски.
„Ова е уште еден доказ за пројателството со Македонија како и посветеноста и жртвите кои државата ги прави. Во име на САД, дзволете ми да се заблагодарам затоа што вашата држава ги почитува обврските коишто ги презема“ – вели Агелер.
Презентацијата на возилата зборуваше за предизвиците кои следат, како и она што треба да се преземе од страна на владата за модетрнизација на Армијата.
„Луѓето кои се овде со нас, а се дел од вооружените сили на САД, кои помагаат во модернизацијата и осовременувањето. На еден инспиративен начин направија презентација за предизивиците кои следат и што ние како Влада треба да преземеме“ – вели Мицкоски.
Денеска во штипската касарна „Јане Сандански“ беа тестирани шесте нови возила, а претходно имаше и средба.
Лаура Стојанова М-Нет