
Денот до реализација на предвремените локални избори е се поблиску. 13 декември годинава, односно 27 декември официјално, Штипјани ќе добијат нов татко на градот. Имено, на 2 октомври откако се распишани предвремените избори Општинската изборна комисија работи на дадените активности кои се пропишани со роковникот.
Кандидатурата е сеуште непозната и е во исчекување. Како што веќе соопшти Сенка Андреева, до 7ми новември годината, сабота, до полноќ има време и простор за кандидатури на избирачки партии. Неизвесно е што ќе се случува доколку се побара одложување на изборите, па 7ми ноември е датумот кога ќе се знае точно се.
Во Штип ќе се гласа на 77 избирачки места, бројот на гласачи сеуште не е точно дефиниран. Ова се втори избори во време на пандемија, откако претходно на 15 јули годинава се одржаа Предвремените парламентарни избори. Затоа се очекува да бидат запазени сите мерките за заштита од корона вирусот.