Предлогот за намалување на цените има веројатност да потрае повеќе време, целта е да се усогласат сите страни

Предлогот за замрзнување или намалување на цените доколку е потребно може би ќе биде по една недела се додека не се усогласат ставовите на производителите и трговците. Премиерот на државата Христијан Мицковски стои зад своите предлози, но за да се интервенира офанзивно потребно е малку простор и додава дека онаму каде што пазарната економија и пракса ги диктира цените, таму не интервенира државата.

“Јас утрово имав разговор со министерот за економија и труд да ги покани на состанок и произведителите и тртговците и да разговараме кој е најдобриот начин за да им помогнеме на една страна на граѓаните, но од друга страна и тие да бидат задовоолни ако производители и како трговци. Не мора да значи дека во текот на утрешниот ден ќе биде предлогот, може би една недела по тоа, доколку е потребна, додека се усогласат ставовите. Не сакаме на сила ништо да правиме. Да јас тоа што сум го кажал, стоам позади тоа, но имате некогаш моменти како поединци реагираат како монопол и како дуопол и вие тогаш ќе треба да интервенирате офанзивно, како што ние го правиме. Онаму каде што навистина пазарната економија и пазарните пракси ги диктираат цените, таму ние не интервенираме.“, истакна Мицкоски

Според премиерот, тој е да престане богатеењето и крадењето врз грбот на граѓаните и целта е да престане ваквата злооупотреба.

“Јас сум за тоа пазарна економија да ги диктира цените и да тоа го поддржувам, немам никаква дилема, но има за жал поединци, кои што ја злооупотребуваат оваа позиција и тука мораме ние како влада да интервенираме. Јас сум да престане богатеењето и крадењето на граѓаните.“, додава Мицкоски

Доколку постои можност за замрзнување, според производителите ќе биде подобро, одколку намалувањето на цените, додека за граѓаните е потребно намалување на истите за да може да се врзи крај со крај и да се задоволат основните потреби.

Лаура Стојанова, М-Нет