
Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Штип, во содејство со полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип, денеска (07.01.2023) на повеќе локации низ централното градско подрачје спроведе превентивно-едукативна кампања.
Темите на кои беше реализирана оваа превентивна активност беа „Никогаш не вози пијан“ и „Алкохолот не ти е пријател – алкохолот предизвикува несреќи“, при што низ директни средби со граѓани беа презентирани корисни совети, а им беа поделени и летоци со едукативна содржина.
