
ЈП Исар ги известува граѓаните дека поради дефект ќе има прекин или отежнато водоснабдување во повеќе штипски населби. Нивното соопштение ви го пренесуваме во целост:
Поради настанат дефект на главна водоводна линија Линија еден, можно е да дојде до повремено или отежнато водоснабдување на жителите кои се снабдуваат од така наречената висока зона: населбата Блок 70, улиците Радански пат, Косовска, дел од улица Сутјеска како и дел од централното градско подрачје. Доколку дојде до целосен прекин на водоснабдувањето , ЈП Исар во соработка со Противпожарната единица Штип ке обезбеди цистерна со техничка вода. За локацијата и времето каде ќе биде поставена цистерната ќе бидете дополнително известени.
