Првото родено бебе во Делчево е Теодор, градоначалникот го посети во домот во делчевски Стамер

Теодор е првото новороденче во 2024 година од општина Делчево, родено на 2 јануари во штипската Болница. Првото родено бебе во оштината е второ дете во семејството на Бошко и Јорданка Димитровски од делчевското село Стамер, кои денеска традиционално беа посетени од страна на градоначалникот, Горан Трајковски. Тој на родителите им додели еднократен паричен износ од 10.000 денари.

„Ми претставува посебно задоволство што денеска го посетивме домот на првото новородено во Делчево за 2024 г. На првиот жител во 2024 , малиот Теодор, испраќаме желби, за среќно и безгрижно детство и да донесе многу радост и гордост на семејството, но и на општината. Делчево се радува на секое новороденче, бидејќи добива нов жител, но првороденото во годината, е симбол на среќата и надежта и тоа е предвесник на новата генерација дечиња кои ќе се родат во оваа 2024 год. Ја користам оваа прилика да им ја честитам радоста на родителите и да има посакам многу љубов и многу дечиња да им го развеселуваат домот“, истакна Трајковски.

Општината традиционално доделува 10.000 денари на првороденото новороденче во годината чии родители живеат во Делчево. Исто така, социјална мерка која значи поддршка на родителите кои добиле новороденче е и исплаќањето 3.000 денари еднократна парична помош, а минатата година по овој основ исплатени се 196.000 денари.

Ребека Спасова М-Нет