Првото пролетно коло во Прва лига ќе се игра во три дена

Пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига ќе започне на 10 февруари, а првата пролетна рунда ќе се игра во три дена, со по два натпревари на ден, а истите ќе стартуваат од 14 часот.

Вториот дел од сезоната се отвара со големото дерби во Тетово меѓу Шкендија и Струга Трим Лум на 10 февруари, а истиот ден ќе се соочат Шкупи и Тиквеш.

Ден подоцна, односно на 11 февруари Силекс ќе се соочи со Башкими, а пак Вардар ќе го пречека дебитантот Арсими.

На 12 февруари, во Струмица, Брера ќе игра против Македонија ЃП, а пак Пелистер ќе се соочи со Работнички на домашен терен во Битола.

Со овие натпревари започнува пролетниот дел од сезоната во кој ќе има исклучителна неизвесна пролет. Битката за титулата ја водат Вардар, Шкендија и Струга Трим Лум, а околу опстанокот ќе биде исто така голема неизвесност – најзагрозени со опстанокот се Шкупи и Работнички.

Александар Ванев, М-Нет