
Новиот прволигаш Шкендија Арачиново доби ново раководство кое ќе го води клубот во иднина. За нов претседател на дебитантот во фудбалската елита на Македонија е избран Сулејман Алими, а пак потпретседател на клубот ќе биде Ферат Беќири. Генерален директен на клубот ќе биде Денис Џаија, а пак спортски директор Исуф Бајрами.
Позицијата секретар на клубот ја доби Бујар Јаџи, благајник ќе биде Ќерим Беќири, а пак портпарол е Азам Аки. За претставник на клубот е избран Нехат Јусуфи, а пак претставник за дијаспората е Решат Рамадани.
Комесари за безбедност на клубот ќе бидат Авди Јусуфи, Гадаф Шабани и Насер Јусуфи.
Клубот испиша историја откако во баражот го доби Пелистер триумфирајќи во пенал рулетот каде херој на мечот беше голманот Антонио Столевски, кој со одбранети пет пенали ја однесе Шкендија Арачиново до историско учество во Првата македонска фудбалска лига.
Во следниот период ќе биде познато како ќе изгледа новиот прволигаш од аспект на ростерот, за подготовките и пријателските натпревари.
Александар Ванев, М-Нет