Празен фрижидер, корка леб од контејнерите, Сузана од Штип бара помош од хуманите граѓаните

Фрижидерот празен, корка леб Сузана од Штип заедно со незјиниот болен син бараат по контејнерите и милост од соседите. Со солзи во очите пред камерите на М-Нет телевизија раскажува за голготата во која живее со години. Нејзиниот маж починал, а заради болеста на нејзиниот син веќе неколку години е без работа. Живеат од пензија која половина ја трошат за лекови.

„Живеам со болно дете, сопругот почина. Поднесев документи пред шест години за стан, нема ништо од тоа. Еден комшија не зема да спиеме кај него, но детето се сраме па оди кај другари. Тука ние сме за никаде, бедно како да кажам. 5000 денари давам за лекови, со 5000 денари живееме. Фрижидерот е празен, некој пат ни дадат лепче, собираме по канти„ – вели Сузана.

А условите во кои живеат како што вели Сузана се повеќе од мизерни. Немаат соодветни толаети, ниту бањи, едвај наоѓаат место за да ја поминат ноќта со покрив над глава. И покрај тоа што поднеле за стан, сѐ уште немаат добиено.

“Никакви се условите, ни можеш да се избањаш, ни можеш во тоалет да отидеш. Со син ми заедно поднесовме за стан пред шест години ама ништо нема. Син ми е 35 години . Оти е болен не може да работи ни тој.“ – додава Сузана.

Сузана бара од надлежните институции кров над глава за неа и незјиниот болен син, за да може да живеат во нормални услови. Од хуманите граѓани, како што вели таа оние кои се во можност да помогнат бара само храна и средства за хигиена, бидејќи парите од скромната пензија завршуваат за лекови.

Лаура Стојанова М-Нет