Празен простор и паркирани возила на некогашниот сточен пазар во Облешево

Некогаш полно со крупен добиток и стока, денеска само ситен добиток и тоа едвај на две до три места. Се повеќе е пуст сточниот пазар во село Облешево. Од една страна нема кој да одгледува стока, ама од друга страна нема ниту кој да купи. Коле од село Жиганци вели дека во претходните три години од когг еднаш го затворија овој пазар веќе нема стока па остана само празниот простор и паркираните возила. Не исплатливо е да се продава, ниту да се одгледува стока.

„Нема стока, нема кој да чува, младите ни избегаа сите. Еве сега продавам ситен добиток, 500 денари е, а сега со 500 денари не може да се купи ништо, овоа е украсно зајче по 250 денари. Јас сум од село Жиганци, додека можам ќе работам ама после мене некој да работи нема шанси.“ – вели Коле.

А од друга страна сега вели храната се нуди како за без пари. Јачменот и пченицата се со ниски цени, што значи храна има ама нема кој да се занимава со сточарство и земјоделство. Токму затоа додава од сточниот пазар не остана дури ниту некогаш поставената ограда. –

„Храната е сега џабе, кај нас во Жиганци така ќе останат нивите нема кој да ги посее, 8 9 денари јачменот. А едно време вреќата ѓубре беше 300 денари, нафтата беше 26 денари а цената беше таа 10 и 12 денари. Сега е иста цена а вреќата ѓубре ојде 1000 денари. Не се исплаќа да се чува“ – додава Коле.

Коле во Жиганци вели има живина, а се занимава и со земјоделство но дециден е дека не го препорачува тоа на неговите внуци.

Лаура Стојанова М-Нет