
Пипер и домати е зеленчукот кој овој пеиод од годината може да се најде во скромната бавча на семејството Колеви од штипска Чардаклија. Со посветена работа и труд и пред се многу љубов годинава пипер има во изобилство. Госпоѓа Љубица пред камерите на М-Нет телевизија вели дека годинва се погодиле временските услови и тоа е причиниата поради која на секое коренче има куп пиперки. Вели ги одгледува само за своето семејство и тоа ја исполнува.
„Пиперот е многу убав, сега цвета, многу убави пиперки. Не му е приод ама времето е такво, југовно, топло, тера. Од годините немавме таков пипер, оваа година така се погоди. Ништо ниту прскаме, ниту ставаме ѓубре што му даде Господ тоа.“ – вели Колева.
Освен пиперот и доматите кои веќе се берат за јадење, во другиот дел од бавчата се посеа и еенскиот лук. Господин Илија Колев вели сега лук, кромид па спанаќ, работа има цела година.
„Посадивме есенски лук, тој сега се сади, а има и пролетен лук, тој се сади во март. После 15 – 20 дена од денеска ќе садиме и кромид. Има нешто посеано, потоа ќе садиме и спанаќ“ – вели Колев.
Земјоделствто не е тешко согласни се Колеви ама во денешно време нема кој да работи, а и младите немаат желба да се занимаваат со одгледување на земјоделски производи. Тоа е причината е поради која се помалку се произведува.
Лаура Стојанова М-Нет