Православните христијани денес го одбележуваат празникот Павловден

Денеска светата православна црква на денот после големиот празник посветен на Светите апостоли Петар и Павле, го чествува споменот како собир на сите апостоли, кај народот познат како Павловден. Ден посветен не само на 12 апостоли од најблискиот круг туку и на останатите 70 кои ја ширеле христијанската вера.

„Овде се празнуваат соборно сите апостоли не само оние 12 кои што биле најблискиот круг на нашиот спасител Христос, туку и оние од редот на 70 апостоли за кои што за волја на вистината нашиот народ делумно од незнаење, делумно од недоволно запознат, бидејќи како што имал Христос 12 апостоли, имал и 70 друго кои што исто така помагале, допринесувале во она ширење на христијанската вера.“ вели Арсовски

Во поново време се зголемува бројот на млади верници кои се исповедуваат, постат и се однесуваат согласно пропишаните свети икононии посочи свештеникот Арсовски.

„Се зголемува бројот на верници посебно кај младите кои што правилно и навистина како што доликува што е препишано во светите иконони ги практикуваат постите, постат земал благослов од духовникот и она што е најважно се исповедаат и се пречестуваат и заедничат заедно со телото и крвта на нашиот Господи спасител Христос.“ – посочи Арсовски

Во православието, неговото дело се почитува на иста дата, 29 јуни според јулијанскиот календар или 13 јули според грегоријанскиот календар.

Лаура Стојанова, М-Нет