Почна изградбата на втората катна гаража во Штип, градот ќе добие нови 27 паркинг места

Почна изградбата на втората катна гража кај Стоковната куќа „НАМА“ во Штип. Градежните активности овде ќе траат во следните два месеца, вели градоначалникот, Иван Јорданов. Со оваа катна гаража градот ќе добие нови 27 паркинг позиции, а со тоа ќе се растерети Едносмерната улица, која Општината има намера да на трансформира во пешачка зона.

Во меѓувреме, засилено се работи и на изградба на првата катна гаража, која е кај Домот на култура, а која ќе биде на две нивоа со 55 паркинг места. Ова две катни гаражи ќе треба да го растеретат сообраќајот во овој дел од градот и да придонесат во решавањето на проблемот со недостаток на паркинг места.

До крајот на годината, вели Јорданов, ќе почне да се гради и третата катна гаража, која ќе биде на три нивоа.

За катната гаража кај Стоковната куќа „НАМА“ Општина Штип ќе издвои 4 милиони денари.

Ребека Спасова М-Нет