
Почна асфалтирањето на улицата „Драги Крупишки“, која ги поврзува населбите Дузлак и Света Недела во Штип. Претходно на оваа улица се работеше на промена на старата и несоодветна водоводна мрежа, која со години предизвикуваше чести дефекти и проблеми со водоснабдувањето. По завршувањето на работите со водоводната линија, започна и асфалтирањето на улицата. Како што рече штипскиот градоначалник Иван Јорданв, активностите поврзани со водоводната линија за подобрување на притисокот за водоснабдување во населбата Света Недела ќе продолжат и во следните денови за конечно да се решие долгогодишниот проблем на овдешните жители.
,,Сакам да ја известам јавноста за активностите кои се преземаат од страна на Општина Штип. Се наоѓаме на ул. ,,Драги Крупишки“. Оваа улица ги поврзува населбата Дузлак со населбата Света Недела. Во минатото оваа улица имаше неколкукратен проблем. Пред се, со честите дефекти на водоводната линија, која не соодвестуваше со потребите на жителите од населбата Света Недела, а поради честите дефекти асфалтната маса во минатото беше целосно оштетена и
несоодветна водоводна мрежа се замени со нова, преку Јавното претпријатие Исар. Активностите поврзани со водоводната линија за подобрување на притисокот за водоснабдување во населбата Света Недела ќе продолжат и во следните денови за конечно решавање на долгогодишниот проблем кој го имаат овдешните жители”, рече Јорданов
Градоначалникот Јорданов упатува апел до граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи се можни прекини со водоснабдувањето, но како што кажа, по завршувањето ќе биде решен долгогодишниот проблем.
,,Апелирам за трпеливост до граѓаните, затоа што сите активности кои се преземаат се поврзани со водоводни линија, потребата од реконструкција налага и прекин во одредени зони во водоснабдувањето. Но верувам дека сите активности по завршувањето ќе донесат благодат на сите граѓани затоа што со реконструкциите долгорочно го решаваме кој сме го наследиле. Продолжуваме со активностите во интерес на сите граѓани на Општина Штип“, апелира Јорданов
Инаку, дополнително Јорданов кажа дека активнсотите продолжуваат и во останатите делови на градот. Во моментот како што подвлече, се работи на улиците Питу Гули, Христијан Карпош, како и на кружниот тек на бул Партизанска, кои како што кажа очекува во следнтие денови да бидат асфалтриани, за да се продолжи и со останатите делови од градот.
Иван Митев, М-Нет