Потресени и шокирани се штипјани поради воениот конфликт помеѓу Иран и САД

Шокирани и потресени се штипјани поради воениот кофликт помегу Иран и САД. Тие сметаат дека и покрај тоа што војната е далеку од Балканот, сепак последиците од војната ќе се почувствуваат и во нашата земја, започнувајќи со цените на продуктите и на нафтените деривати. Анкетираните лица тврдат дека се во неизвесност и дека е тешко да се предвиди ситуацијата.

Воениот кофликт започна при крја на февруари и е сеуште активен. Со загриженост се надеваат дека војната ќе заврши и тврдат дека од мир подобро нема.

„Од мир подобро нема! Што да ви кажам и ние сме потресни. Не знаеме што тука ќе се случи, и така, се надевам дека у најскоро време ќе се смири.“, велат граѓаните

„Нафтата сега ќе се качи, сега се се качува после, како нема да влијае?“, додаваат тие

Согласно сиуатицијата, анкетираните додаваат дека не знаат што да очекуваат,. Пред нашите камери се запрашиваат „До кога ќе трае и како ќе се одвива“.

„Ние не може да се осетиме многу полошо одколку што се осеќаме веќе. Во секој случај, не безбедно не сигурно во секој случај. Економската не стабилност е не безбедност, значи и тоа влијае на општата сигурност на граѓаните, како се чувствуваат, дали можат да живеат така како што сакаат да живеат во благосостојба.

„Сепак е тоа војна подалеку од тука, само не знаеме до кога ќе трае и тоа е најглавното прашање.“, потенцираат анкетираните граѓаните

Сепак граѓаните за сега најмногу стравуваат за цената на нафтата, согласно тоа дека војната се одвива далеку од нас.

Иван Митев, М-Нет