
Потпишан меморандум за соработка меѓу штипскиот Дом за култура „Ацо Шопов“ и охридскиот „Григор Прличев“. Денеска во Охрид во рамки на манифестацијата „Прличеви беседи“, меморандумот беше потпишан од тсрана на директорите на Дом за култура Штип и Охрид, со што се очекува да продолжи соработката, истата да се крене скалило погоре, а придобивките да ги почувствуваат граѓаните и на двата града.
„Чест ми е деенска да потпишеме меморандум со охридскиот директор на Центар за култура. Она што разговаравме, разговаравме за програмските содржини и размена на културни добра и производи кои што можат да ги збогатат програмите на двата града, со цел да имаме поедуцирана публика“ – кажа Трајков.
„Денеска во рамките на манифестацијата Прличеви беседи и ми преставува огромна чест што вклучивме меморандум за соработка со штипскиот театар“ – додаде Климоски.
Дополнително двајцата директори разговараа за овогодишнешната програма на установите, со желба за взаемна соработка и многу поголем дружба.
Лаура Стојанова М-Нет