Ново одложување, делницата Крупиште – Кочани од експресниот пат треба да заврши во септември годинава

Бугарија во 2023 година ќе асфалтира пат до граничниот премин Клепало кај Берово. Имено, како што истакна Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, бугарската страна покажала интерес, па во тек се административни активности и испитувања. Предвидувањата се дека со реализација на проектот ќе се почне следната година, кога и ќе завршат ваквите активности.

„Се работи за пат од околу 13 километри којшто треба да биде завршен од страна на Бугарија. Таму во моментов течат постапки околу животната средина, бидејќи се работи за таков предел. Очекувањата на министерот од Бугарија е дека ова ќе биде завршено во 2023 година. Граничниот премин ќе биде отворен по завршувањето на патот“, истакна Бочварски.

Во меѓувреме, експресниот пат Штип – Кочани треба целосно да биде готов и пуштен во септември оваа година. За сега се реализирани 75% од градежните активности.

„Што се однесува до втората фаза од експресниот пат Штип – Кочани, односно делницата Крупиште – Кочани, реализацијата е 75 проценти и мои очекувања и на надзорниот орган се дека до септември ќе има финална реализација на овој пат“, додаде Бочварски.

Експресниот пат Штип Кочани е во вкупна должина од 28 километри, од кои првата делница Штип Крупиште в должина од 13.5 километри е завршена ипуштена во употреба. Втората фаза Крупиште Кочани требаше да биде завршена првично до крајот на претходната година, па до напролет годинава, но сега најавите се дека треба да заврши наесен оваа година.

Ребека Спасова М-Нет